Македонскиот првак Љуботен беше разбиен од исландски Валур со 0-10 во квалификациите за Лигата на шампионите. Тетовскиот тим прими по пет гола во двете полувремиња, а уште во петтата минута резултатот беше 0-2 и се најави катастрофата.
Средбата се одигра во Холандија и беше полуфинале на турнирот во Твенте. Домашниот Твенте вечер игра со Кардиф од Велс, па победникот ќе се сретне со Валур и подобриот од тоа финале продолжува да патува кон ЛШ.
Инаку во македонскиот тим има и неколку Колумбијки и една Србинка, но и со овие странски засилувања остварен е резултат кој фрла темна дамка врз женскиот клупски фудбал во Македонија.