Катастрофа за Леклер, Ферстапен рутински го освои Монте Карло

Шарл Леклер доживеа големо разочарување во Монте Карло, откако механички проблем со менувачот се појави пред почетокот на трката, по што возачот на Ферари кој требаше да тргне од пол-позицијата воопшто не учествуваше.

Големата награда на Монако така припадна на Макс Ферстапен, кој од почетокот ја презеде лидерската позиција и до самиот финиш не попушти. За возачот на Ред бул ова е втора овосезонска победа по пет трки, а возачот кој му вршеше најмногу притисок, Валтери Ботас на Мерцедес, мораше да се откаже по 29 круга откако влезе во пит стопот и неговиот тим не можеше да го реши проблемот со тркалата.

Светскиот шампион Луис Хамилтон остана на местото на кое ја почна трката, заврши седми, а пред него се наредија Карлос Сајнц и Ландо Норис како двајцата кои го пополнија подиумот, следуваа Перес, Ветел и Гасли.

- Оглас -

Најнови вести