Катастрофа за Реал Мадрид – Родриго ќе паузира три месеци, ќе пропушти дури 21 меч

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго Силва ќе паузира нешто повеќе од три месеци, но тајмингот е ужасен и можно е да пропушти точно 21 меч во кралскиот дрес.

Тоа е над половина сезона, ако се смета бројот на натпревари на кои нема да игра Родриго, а за се е виновен набиениот календар од Нова година некаде до април.

Ваков случај досега немало, па може да се каже дека е ова е катастрофа за најтрофејниот европски клуб. Шпанските медиуми пресметаа дека напаѓачот на Реал сигурно ќе пропушти 12 меча во Ла Лига, двата со Аталанта во осминафиналето во Лигата на шампионите, дуелите на Суперкупот во Шпанија, што е уште најмалку два меча и сите натпревари во Копа Дел Реј.

Тоа би било точно 21 меч, ако Реал Мадрид успее да стаса до финалето на шпанскиот куп. Проблем за Зинедин Зидан е што е повреден и Еден Азар, а Винисиус јуниор е тотално надвот од форма, па ќе биде ослабен офанзивниот дел на клубот што има големи амбиции, како и секогаш, а посебно на мета се титулите во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Родриго ја повреди задната ложа и тоа на претпоследниот меч на Реал во 2020 година, против Гранада, што се играше завчера.

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести