Катастрофален старт со верижен судир на трката на Силверстоун (видео)

Трката за големата награда на Велика Британија не можеше да почне на полош начин.

Уште на првиот свиок се случи голема незгода во која страдаа повеќе болиди, во моментот кога Ферстапен успеа да го престигне водечкиот Сајнц. Веднаш се крена црвеното знаменце, возачите се вратија во боксовите и чекаат да се исчисти патеката за да продолжи трката.

https://twitter.com/F1_Images/status/1543597529878626313

Првиот судир беше при самиот старт, Џорџ Расел не го виде противничкиот болид и се заби во него, по што следуваше верижен судар. Страдаа и болидите на Сонода и Окон, кои се извртеа надвор од патеката. Жу помина најлошо, со болидот се изврте наопаку, но за среќа нема повредени.

- Оглас -

Најнови вести