Голманот на репрезентација на Шпанија, Унаи Симон, после освојувањето на титулата доби катастрофални вести, па ќе го нема на фудбалските терени во следните пет месеци. Симон бранеше на шест од седумте натпревари на Шпанија на Европското првенство, но тоа го правел со повреда на зголоб на десната рака, па денес мораше да биде опериран.
Докторот на Атлетик Билбао, објаснува дека голманот повредата ја имал уште на почетокот на минатата сезона, но се претпоставувало дека не е ништо сериозно. Сепак, со текот на времето состојбата се влошила, но Симон одбивал да биде опериран и чекал да заврши Европското првенство за да го стори тоа.
Сега го очекува долга пауза, а претпоставките се дека ќе може да се врати на фудбалските терени околу Нова година.