Ќато предупредува: Да не славиме предвреме, има и реванш

Тренер на Шкендија, Ќатип Османи, по победата од 1-0 на гостувањето кај естонскиот шампион Номе Калју во Талин рече дека Шкендија требала со поубедлив резултат да стартува во квалификациите за Лигата на шампионите.

Шкендија само пред 1 600 гледачи на трибините во Талин славеше со 1-0 и сега е во одлична позиција по реваншот во вторник, во Скопје да обезбеди пласман во следната рунда натпревари. Шефот на стручниот штаб, Османи, предупредува дека работата не е завршена.

„Убаво е што европските настапи ги почнавме со победа, иако мора да кажам дека можевме да дојдеме и до поубедлива победа. Ова е прв натпревар за нас ова лето и, секако, задоволен сум од победата. Ја игравме својата игра, сепак не треба триумфот да не залажува затоа што има и реванш. Треба добро да се подготвиме, ќе мора работата околу пласманот да ја завршиме пред нашите навивачи во Скопје“, изјави Османи на прес-конференцијата по мечот.

- Оглас -

Најнови вести