Кавани не е расист, но суспензијата останува

Англиската фудбалска асоцијација потврди дека Единсон Кавани немал намера да дискриминира на расна основа, но сепак суспензијата од три натпревари останува на сила. Зборот кој го употребил на својот мајчин јазик не е навредлив, па така и Кавани не е расист.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед поради еден коментар на социјалната мрежа „Инстаграм“ во кој го употреби зборот „Негрито“ кон свој пријател, отслужува суспензија од три меча и дополнителна парична казна од 100.000 фунти.

Коментарот веднаш беше отстранет, по што уругвајскиот голгетер се извини за непромислениот потег иако не знаел дека ќе предизвика инцидент.

Кавани веќе отслужи два натпревари од суспензијата, не играше во победата над Астон вила, односно елиминацијата од Манчестер сити во полуфиналето од Лига купот, а во составот на Солскјер ќе се врати по утрешната пресметка против Ватфорд во третата рунда од ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести