Кавани уште сезонава ќе игра за ПСЖ, потоа се сели во Интер

Напаѓачот Единсон Кавани ги договорил сите услови за премин во Интер Мајами, клуб чиј сопственик е Дејвид Бекам и од следната 2020 година првпат ќе учествува во МЛС-лигата. Договорот на Кавани со ПСЖ му истекува на 30 јуни 2020, а потоа како слободен играч ќе се пресели во САД и ќе биде првото бомбастично засилување за американскиот Интер.

Искусниот 32-годишен Кавани во Европа игра од 2006 година. Најпрвин настапуваше за Палермо и Наполи во Италија, а потоа премина во францускиот ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести