Казахстанец кој се презива Партизан стана хит во Србија (Фото)

Фотографија од личната карта на Казахстанецот Хентај Партизан стана хит во Србија. Сликата се најде на социјалните мрежи, а човекот поради своето необично презиме стана популарен кај фановите на белградските „црно-бели“.

Фановите на Партизан масовно ја споделуваат неговата фотографија и нема сомневање дека Хентај наскоро ќе добие следбеници во Србија. Партизан не му е име, туку презиме, и тоа значи дека сепак не е крстен по српскиот клуб, освен ако сам не побарал такво нешто, но ситуацијата е интересна и којзнае какво му е потеклото.

- Оглас -

Најнови вести