Каземиро спаси пораз, но Реал не дочека да му се реваншира на Бриж (видео)

Реал Мадрид успеа да се спаси од шокантен пораз против Клуб Бриж, мечот од второто коло во ЛШ заврши со конечни 2-2. Гостите од Белгија беа на чекор од големо изненадување на „Сантијаго Бернабеу“, но не го задржаа водството од два гола за кое тешко се изборија во првото полувреме.

Реал Мадрид чекаше цели 43 години да му се одмазди на Бриж. Двете екипи имаа еден меѓусебен двомеч во поранешниот Куп на европски шампиони во 1976 година и Бриж беше поуспешен. По ремито без голови на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот во Белгија, Бриж победи со 2:0 и го елиминира Кралскиот клуб.

Емануел Денис двапати се најде во 100% прилика во првиот дел да го совлада Куртоа и го стори тоа во деветтата, а потоа и во 39-тата минута. Реал се најде во неповолна позиција дозволувајќи му на противникот преку два контранапади да приреди шок во Мадрид.

Со стартот на вториот дел, Зидан посегна по резервниот голман Алфонс Ареола бидејќи Куртоа не беше на потребното ниво. Оваа чудна замена се покажа како добра бидејќи Ареола имаше една одлична интервенција со која го спречи Денис да оствари хет-трик. Тоа ги мотивираше Кралевите да ја анулираат предноста на Бриж, а Рамос во 55-тата минута им даде надеж на навивачите со голот за 2-1.

Бриж во 84-тата минута остана со играч помалку откако нивниот капитер Нормер за неполни пет минути заработи два жолти картони, а веќе во следниот напад Реал ја искористи ситуацијата и израмни преку Каземиро за конечни 2-2.

https://twitter.com/ZWODDE_/status/1179104487107108866

Со погодокот на Соломон во петтата минута од судиското надополнување, Шахтар Донецк се избори за триумф на гостувањето кај Аталанта со конечни 2-1.

- Оглас -

Најнови вести