Казна за Динамо, радост за децата – „Максимир“ денеска ќе биде детска градинка

Динамо Загреб ќе го искористи новото правило на УЕФА кое дозволува при казна и празни трибини, на мечевите од еврокуповите да присуствуваат деца до 14 години.

Вечерва „Максимир“ барем два часа ќе личи на дестка градинка, а се очекува да има неколку стотици момчиња и девојчиња на возраст до 14 години.

Динамо има одлична предност од 2:0 по првиот меч во Тбилиси и е на праг да го елиминира грузискиот противник, а потоа и да го чека следниот ривал на патот кон Лигата на шампионите.

На „Максимир“ ќе има и преставници на Ференцварош и покрај забраната за влез поради казната на УЕФА за Динамо Загреб. Унгарците се следниот можен ривал на Модрите ако денеска успеат да ја елиминираат Валета на реваншот во Малта, откако на првиот меч славеа со 3:1.

За Динамо се очекува да игра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој е капитен на тимот и веројатно ќе ги предводи загрепчани на теренот од 20 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести