Казнена експедиција – Милвоки го урна тројкашкиот рекорд во НБА, настрада финалистот Мајами (Видео)

Милвоки бакс сурово им се одмазди на ривалите од Мајами за елиминацијата во полуфиналето на плејофот во Источната конференција, со победа од 144:97, а притоа поставија нов НБА-рекорд со вкупно 29 тројки.

Бакс го почнаа мечот фуриозно со серија од 12:0, а потоа разликата постојано растеше и победникот брзо беше познат.

На полувремето разликата беше 32 поени, 83:51 во корист на Милвоки, а интересно освен Јанис Адетокумбо, сите останати 13-мина кошаркари на гостинската екипа постигнаа барем една тројка.

Популарниот Грик Фрик се обиде да погоди двапати од позиција за три поени, но не успеа. Џру Холидеј го предводеше тимот до рекордот од 29 тројки, со шест прецизни удари од 10 обиди.

Ди Винченцо постигна пет тројки, а Мидлтон четири во неверојатната ноќ на еден од главните фаворити за титулата.

Мидлтон со 25 поени и Холидеј со 24 беа најефикасни на мечот, а кај домаќините кои одиграа мизерен меч, прв стрелец беше Тајлер Хиро со 23 поени.

Мајами го држи и рекордот во НБА-лигата со највисок пораз во историјата, кога загуби од Кливленд кавалирс со 148:80 во сезоната 1991/92.

РЕЗУЛТАТИ: Мајами – Милвоки 97:144, Кливленд – Њујорк 86:95, Детроит – Голден стејт 106:116, Индијана – Бостон 111:116, Филаделфија – Торонто 100:93, Вашингтон – Чикаго 107:115, Оклахома – Орландо 107:118, Л.А клиперс – Минесота 124:101, Феникс – Њу Орлеанс 101:86, Сакраменто – Денвер 125:115.  

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести