Казнета жената која го предизвика еден од најголемите судири во историјата на Тур де Франс (Видео)

Последното издание на велосипедската трка Тур де Франс ќе се памти по неверојатниот судир која го предизвика една жена. Инцидентот се случи уште на првата етапа кога велосипедистот Тони Мартин удри во транспарентот кој го држеше жената, а потоа падна.

По тој пад на Мартин, преку 50 велосипедисти беа дел од судирот и се случи хаос.

Жената подоцна беше уапсена, а сега заврши и судската постапка. Пред обвинителството, жената која ја предизвика несреќата, изјави дека само сакала со транспарентот да ги поздрави нејзините баба и дедо кои биле големи љубители на Тур де Франс.

Судијата одлуи дека жената е виновна за судирот и ја казни со 1.200 евра парична казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести