Ќе беше убаво и Македонија да биде дел од ова друштво – Ексју-селекциите „газат“ во Лигата на нациите

Македонската фудбалска репрезентација го заврши својот натап во „Ц“ зоната од Лигата на нациите.

Третото место е премалку за момците коишто пред една година настапуваа на Европското првенство, а горчи и поразот од Бугарија на арената „Тодор Проески“. За разлика од нас, на ексју селекциите одлично им оди во ова натпреварување.

Хрватска, којашто е во елитата, успеа да се пласира во баражот, каде што за титулата ќе се бори против Шпанија, Италија и Холандија.

Србија и Босна и Херцеговина пак имаа доминантни настапи во своите групи во Б-зоната и со тоа од следната сезона ќе бидат во елитата, заедно со Коцкестите. И овие две балкански селекции ќе се борат за трофејот, а покрај нив, тука се и Шкотска и Израел.

- Оглас -

Најнови вести