Ќе бидат ли 200 илјади фунти неделно доволни за Грилиш да го одбие Сити?

Џек Грилиш заедно со Хари Кејн е на врвот на листата со желби на Пеп Гвардиола како засилувања за Манчестер сити ова лето.

Наводно, Граѓаните се подготвени да издвојат 100 милиони фунти за „десетката“ на Вила, што би било рекорден трансфер на Островот, но клубот од Бирмингам се обидува да го задржи својот најдобар играч по секоја цена.

Како што известуваат англиските медиуми, Астон вила му понуди обнова на соработката на Грилиш и плата од неверојатни 200.000 фунти неделно. Грилиш минатата сезона блескаше во Премиер лигата со шест погодоци и 12 асистенции, додека не се изнаигра за Англија на ЕП.

Дали зголемената плата ќе биде доволна за Грилиш да одбие преселба во Манчестер, останува да се види до крајот на преодниот рок.

- Оглас -

Најнови вести