Ќе биде ефикасно во Лондон и Калјари

1010 Вест хем – Лестер (21.00 часот)

Чеканите и Лисиците со победи ја стартуваа сезонава во Премиер лигата, па ќе сакаат да продолжат во ист ритам, но нема да може двата тима да имаат по 6 бода по две кола. Вест хем е во одлична серија, од 9 мај наваму не знае за пораз на официјален или пријателски натпревар. За нив ова е прв меч дома по подолго време со публика на трибините, што не е за потценување. Во минатата сезона, Вест хем двапати го победи Лестер и двапати лондонскиот тим даваше по три гола. Последните пет меѓусебни дуели на овие тимови завршуваа барем со три гола, Лестер на последните три гостувања кај Вест хем дава по два гола.

Предлог тип: ГГ (1.67)

 

3009 Калјари – Специја (18.30 часот)

Загревањето за Серија А, на двата тима им беше успешно со победи од 3-1 во Купот против клубови кои се од понизок ранг. Кај Калјари вечерва ќе го нема Хрватот Рог. Специја има низа од пет меча со 4+ голови, и тоа сите на официјални мечеви. Тимот од Сардинија нема многу среќа кога игра со Специја (една победа, во 2015 година), а традицијата покажува дека кога играат овие два тима меѓу себе, секогаш имало барем три гола и речиси секогаш паѓале голови на двете страни.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.97)

 

3010 Сампдорија – Милан (20.45 часот)

Милан е фаворит на хартија, но ова е прво коло и не се знае дали Сампдорија криела некој адут за стартот на Серија А. Проблем за Росонерите се отсуствата на Ибрахимовиќ и Кеси. Тимот од Џенова реди само победи на последните пет меча, додека Милан во подготвителниот период имаше претежно неефикасни средби. Само од април нема пораз на свој терен, но дома против Милан губеше во претходните две сезони, иако ја тресеше мрежата на Миланезите. Од 2014 не било нерешено на нивен дуел на „Луиџи Ферарис“.

Предлог тип: 2 (2.07)

 

1309 Хетафе – Севилја (20.00 часот)

Хетафе немаше баш среќа со ждрепката, во првото коло загуби од Валенсија, сега игра со Севилја, а потоа со Барселона. Севилја без проблем победи во првото коло и ако сака да се бори за титула или место во ЛШ, не смее да губи бодови на вакви незгодни гостувања. Хетафе е тим кој дома ретко прима повеќе од еден гол, но Севилја славеше на три од последните четири гостувања во Мадрид, и тоа секогаш без примен гол. На последните четири соочувања на овие тимови Хетафе нема дадено гол.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

1310 Осасуна – Селта (22.00 часот)

Во првото коло Осасуна одигра 0-0, а Селта загуби од Атлетико, па двата тима ја бараат шансата за прва победа сезонава. Селта од 2014 наваму нема победа во Памплона. Во минатата сезона секој си победуваше дома, седум години не се случило да се радува тимот кој гостува. Традицијата најавува меч со 0-3 гола, тешко дека ќе има некаква голеада, иако гостите од Виго некогаш знаат да изненадат.

Предлог тип: 1-2 гола (1.98)

 

- Оглас -

Најнови вести