Ќе биде интересно кај Црвените ѓаволи – Рангник и фудбалерите на Манчестер јунајтед тешко се разбираат и надвор од теренот

Следува интересен период за Манчестер јунајтед, а допрва треба да се избере замената за Ралф Рангник и да се објави името на новиот тренер.

До крајот на сезоната на кормилото останува Германецот, а потоа ќе има нова улога како советник во клубот, па уште отсега Црвените ѓаволи се во потрага за нов менаџер.

Рангник си има фаворит и тоа е Ерик тен Хаг од Ајакс, а според информациите на англиските медиуми, играчите на Манчестер јунајтед во мнозинство се за Маурисио Покетино, кој е тренер на Пари Сен Жермен.

Иако ПСЖ доминира во Франција и сигурно ќе ја освои титулата, судбината на Аргентинецот најмногу зависи од резултатите во Лигата на шампионите.

Целта на Светците е да се освои шампионската круна во Европа и сè друго се оценува како неуспех.

ПСЖ во осминафиналето ќе има сложена задача во двомечот со рекордерот Реал Мадрид, кој има 13 европски титули.

Ајакс игра со Бенфика, па можно е ако биде елиминиран, да се оствари желбата на Рангник и Тен Хаг да слета на „Олд Трафорд“.

 

- Оглас -

Најнови вести