Ќе биде интересно за МЗТ во АБА лигата, Партизан и Ѕвезда купуваат големи евролигашки ѕвезди

Учеството на Партизан во кошаркарската Евролига, придонесе клубот драстично да се засили, а тоа ги мотивираше и во нивниот градски ривал Црвена ѕвезда да направат силен тим за настапите во Евролигата, но и во АБА, каде ќе има голема битка.

Во претстојната сезона во Јадранската лига ќе учествува и македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром, а македонската публика ќе има прилика во живо да гледа големи ѕвезди.

Партизан летово веќе донесе две ѕвезди, екс НБА играчот Данте Ексум кој доаѓа од Барселона, и Џејмс Нанали кој со Фенербахче освои евролигашка титула, а Црно-белите се пред потпис и со канадскиот плејмејкер Кевин Пангос кој играше за Зенит.

Црвена ѕвезда ќе се обиде да одговори со мега трансфер, во преговори се со силното крило на европскиот шампион Анадолу Ефес, Крис Синглтон. Синглтон и Пангос имаат играно заедно во Барса, а следната сезона би можеле да бидат лути ривали.

- Оглас -

Најнови вести