Ќе биде ли доволно? Њукасл понуди 45 милиони евра за ѕвездата на Лестер

Њукасл ќе се обиде да го купи Џејмс Медисон и му понуди на Лестер 45 милиони евра за ангажман на одличниот играч за врска, што може да игра и како офанзивец на повеќе места на теренот.

Медисон е една од ѕвездите на Лисиците и е релативно млад, бидејќи има 25 години и долга кариера пред него.

Во Њукасл го сметаат за клучно засилување и Џејмс е приоритет за тренерот Еди Хау.

Во Лестер е од 2018 година и одигра 133 натпревари со 33 постигнати гола. Има и еден настап за Англија, а се надева дека ќе патува на Мундијалот во Катар со селекцијата на Гордиот Албион.

 

 

- Оглас -

Најнови вести