Ќе биде лудо: Балотели повторно ќе го гледаме во Премиер лигата

Марио Балотели и дефинитивно е еден од најлудите фудбалери кои што се појавиле во посленава декада.

Италијанецот кој во моментов игра за Адана Демирспор наводно е пред повторно враќање во Премиер лигата и тоа во редовите на најбогатиот клуб, Њукасл.

Свраките имаат проблем со реализацијата, а Балотели би бил одлично привремено решение за таквите проблеми. Ова би било враќање за Италијанецот во најсилната лига на Островото откако во периодот од 2010 до 2013 го носеше дресот на Манчестер сити како и од 2014 до 2016 кога играше за Ливерпул.

Во турскиот шампионат, Балотели има седум погодоци од 18 одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести