Ќе биде најдобар играч на светот и има чудесна статистика: Утна само 5 пенали во кариерата, три му се против ист голман во 2022 година (Фото+Видео)

Карим Бензема беше трагичар на мечот меѓу Реал Мадрид и Осасуна, прв сезонава на кој актуелниот шпански првак не победи по серијата од шест триумфи по ред.

Францускиот ас утна пенал за победа во 79-тата минута, па мечот заврши нерешено 1:1, а за Бензема голманот на Осасуна, Серхио Ерера, станува вистински кошмар.

Ова на шпицот на Реал Мадрид му беше трет утнат пенал против Ерера во 2022 година, а во кариерата вкупно промашил само пет удари од белата точка.

Вчера Бензама играше за Реал по три меча пауза поради повреда, а по промашениот пенал во 79-тата минута, само 120 секунди подоцна му беше поништен и гол.

Францускиот ас сигурно ќе ја добие Златната топка на 17 октомври на свечената церемонија во Париз откако ланската сезона играше брилијантно и беше главен стрелец и играч на Реал на патот до шпанската и европската титула.

Веќе се знае дека Бензема убедливо ќе ја освои престижната награда на „Франс фудбал“ како втор фудбалер на Реал Мадрид, по Лука Модриќ во 2018 година, што барем малку ја разбиваат доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои беа победници дури 12 пати во последните 14 години.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести