Ќе биде опасно: Хулиганите на кои им беше забранет влез, дојдоа во Италија четири дена порано

Рома на „Олимпико“ ќе игра против Феенорд во реванш-мечот од четвртфиналето во Лигата на Европа, а за овој меч, поради безбедносни причини, беше решено да нема гостински навивачи. Така беше и на првата средба во Ротердам, каде што немаше италијански фанови, па намерата беше да нема ниту холандски симпатизери на реваншот.

Сепак, ултрасите на Феенорд ги изненадија италијанските власти и неколку дена пред да се одигра мечот, се најдоа на италијанско тло. Уште од неделата може да се забележат раздвижување на Холанѓани во Рим, а навивачите на Феенорд од вчера се во Наполи, каде што вечерва ќе бидат на трибините на „Диего Армандо Марадона“ и ќе му дадат поддршка на домашниот тим против Милан.

Ултрасите на Наполи упатиле порака до нивните колеги од Ротердам и сега тие заедно подготвуваат план за хаос низ улиците како пред денешниот меч против Милан така и за средбата в четврток во Рим.

Преку навивачите канали на групите на WhatsApp и на Telegram, веќе се прават договори, па полицијата во Наполи, но и во Рим е на готовс, каде што низ улиците се очекува да бидат распределени повеќе од илјада чувари на мирот.

 

- Оглас -

Најнови вести