Ќе биде пеколно на „Ролан Гарос“: Ѓоковиќ и Алкарас се во иста половина на ждрепката

Алкарас и Медведев се прв и втор носител на овогодишниот Ролан Гарос, а третиот носител Новак Ѓоковиќ се најде во иста половина со шпанскиот тенисер.

Тоа значи дека Алкарас и Ѓоковиќ доколку ги победат сите мечеви, ќе играат во полуфиналето, а победникот од нивниот двобој во евентуално финале против Медведев.

Новак Ѓоковиќ во првото коло на Ролан Гарос ќе игра против американскиот тенисер Александар Ковачевиќ, додека Алкарас и Медведев сè уште го чекаат својот противник од квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести