Ќе биде тврдо во Мадрид

6002 Реал Мадрид – Челзи (21.00 часот)

Иако станува збор за два клуба кои речиси редовно се дел од Лигата на шампионите, ждрепката досега ги одминуваше еден од друг и ова е нивен прв меѓусебен дуел. Челзи со Тухел на клупата прикажува многу подобри игри, има одличен тим, добро пополнет на сите позиции и ретки се тие што се изнаиграа против Сините. Предноста на Реал е искуството. Овие играчи знаат како се освојува европска титула и ќе се обидат со предност да заминат на реваншот. И Реал во последните две сезони подобар е во одбрана отколку во нападот.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.10)

 

1011 Брентфорд – Ротерам (20.00 часот)

Ова е незгоден меч за типување бидејќи иако домашните се појаки, гостите имаат поголеми мотиви за поволен резултат. Ротерам има четири порази по ред, сите минимални, грчевито се бори за опстанок во Чемпионшип и секој бод му е добредојден. Брентфорд обезбеди место во плејофот, има само седум порази сезонава, а тие се и најефикасен тим во Лигата. Во декември, кога Ротерам беше домаќин, Брентфорд победи со 2-0.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

3012 Емполи – Киево (16.00 часот)

Емполи цврсто чекори кон Серија А, а со победа над Летечките магариња ќе дојде на чекор од пласман во елитата. Емполи е тим со најмалку примени голови во Серија Б. Киево е осми и во позиција да се бори за влез во плејофот. Тука двојката е исклучена како опција, Киево од 4 јануари нема победа на гости. Последните шест меѓусебни дуели на овие тимови завршија нерешено, најчесто со 1-1.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.89)

 

1811 Нирнберг – Кил (18.30 часот)

Викендов двата тима победија со 3-1. Нирнберг се бори за опстанок и игра во добра форма, веќе шест кола не знае за пораз. Кил има заостанати мечеви на кои ако освојува бодови, може да се бори за влез во Бундеслигата. Кил, кој во минатото коло прекина мини-серија од два порази по ред, е тим со најмалку примени голови во Цвајта. Зимоска Кил победи со 1-0, а на единствените две гостувања во Нирнберг одиграле 2-2.

Предлог тип: 2-4 гола (1.49)

 

1951 Хатајспор – Генчлербирлиги (19.30 часот)

Хатајспор е шести, но бодовно и не е толку блиску до местата кои водат во Европа. Генчлербирлиги е претпоследен, но се наоѓа само на два бода од тимовите кои се во „безбедната зона“, па борбата за опстанок е крајно неизвесна. Генчлербирлиги ја има најслабата одбрана во турската лига, тимот победи во минатото коло, покажа знаци на живот, ќе се обиде да изненади и вечерва. Домашниот терен досега секогаш беше голема предност во нивните дуели, така беше и во јануари, кога Генчлербирлиги победи со 3-1.

Предлог тип: ГГ (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести