Ќе биде вистински пекол – Над 100.000 навивачи на Рома и Феенорд ќе бидат во Тирана

Финалето од Конференциската лига меѓу екипите на Рома и Феенорд ќе се одигра утревечер од 21 часот на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана.

Според информациите утре во главниот град на Албанија ќе има над 100.000 фанови од двете екипи па затоа постои и голема можност тепачки и нереди по улиците.

И двата тима имаат голем број на озогласени навивачи, кои што во секој момент можат да ја разгорат и онака вжештената атмосфера низ стадионите во Европа. Во Премиер лигата видовме голем број на инциденти со влегување на навивачите на теренот. Франција, пак, мака мачи со тепачките на трибините, додека во Грција камења се фрлаат по играчите.

Албанската полиција е подготвена за да спречи поголеми нереди и се очекува да бидат распределени околу 10 илјади. Тирана полека се полни, а останува да се види за кого ќе биде среќно првото финале во Конференциската лига.

 

- Оглас -

Најнови вести