Ќе биде војна или прослава на титула? Пред „Рајко Митиќ“ покрај тенкот, доведен и ракетен фрлач

„Ракетна база Маракана“, е само еден од коментарите што навивачите на Црвена ѕвезда го имаат постирано по фотографијата дека пред стадионот „Рајко Митиќ“ од денеска стои и ракетен фрлач. Овој ракетен фрлач е паркиран веднаш до тенкот, пред Северната трибина, каде што се најверните фанови на Црвено-белите.

Црвена ѕвезда за утре подготвува славје по повод новата титула во првенството, а најавите се дека ќе биде нешто спектакуларно. Влезот нс стадионот е бесплатен, а очекувањата се стадионот да биде исполнет до последно место, иако противник е екипата на Пролетер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести