Ќе доживее ли ракометниот ПСЖ бродлом во Лигата на шампионите како и фудбалскиот?

Ракометарите на Пари Сен Жермен одиграа само 30:30 на гостувањето кај Елверум во првиот од двата осминафинални мечеви во ракометната Лига на шампиони.

Супербогатиот тим од Франција во еден момент од второто полувреме имаше водство и од пет погодоци (17:22), а на крајот ремизира кај новрешкиот претставник. Сето ова навестува сличен бродолом како и на фудбалскиот тим, иако, за волја на вистината, мали се шансите.

Камил Сипржак со 12 гола од гостинскиот тим беше најефикасен на мечот, додека реваншот на овие две екипи е закажан за седми април.

Во вториот вечерашен меч, Фленсбург го совлада Пик Сегед со 25:21 и со тоа си обезбеди навистина убава предност во пресрет на реваншот во Унгарија. Хампус Ване со пет погодоци беше најефикасен од победничкиот тим. Идентично како и на првата вечерашна средба, така и на оваа реваншот ќе се игра на седми април.

- Оглас -

Најнови вести