Ќе ги казни ли Реал промашените зицери на Сините? (видео)

Реал не го отвори второто полувреме како што посакуваше и можеше да се најде во уште поголема негатива, но, за среќа на Зидан и неговите избраници, Челзи не погоди три големи шанси.

Прво во 47-мата минута Хаверц со глава ја погоди гредата на Куртоа, а само неколку минути подоцна Маунт се најде во ситуација „еден на еден“ со белгискиот голман и го утна целиот гол од непосредна близина.

Многу важна интервенција оствари Куртоа и во 59-тата минута во контрата која наликуваше на гол на Хаверц, меѓутоа младиот германски офанзивец не успеа да го најде патот до мрежата. Одново Куртоа во главна улога и неговата одбрана против Канте се покажа како клучна за Реал во 65-тата минута, па гостите од Мадрид уште имаат шанси да избегнат елиминација.

https://streamable.com/zfvy2s

https://streamable.com/s9dgxz

https://streamable.com/ags8ex

https://streamable.com/usefng

- Оглас -

Најнови вести