Ќе го игра јубилејниот 100-ти меч и тој е „мозокот“ на Исланд – Алиоски ќе има сложена задача да го сопре Бјарнасон

Биркир Бјарнасон е „мозокот“ во играта на исландската репрезентација и ако успееме да го сопреме денеска од 18 часот во Рејкјавик, Македонија ќе биде многу блиску до успех.

Десното крило на Исланд е многу брз и вешт техничар и може да игра и во средината, а на него треба да се внимава, бидејќи знае да се уфрли од позадина и да биде опасен за голот на ривалите.

Бјарнасон има 33 години и игра за Адана Демирспор во Турција, заедно со Марио Балотели и што е најинтересно на почетокот на сезоната најчесто е резерва.

Денеска ќе го игра јубилејниот 100-ти меч за својата репрезентација. Биркир има искуство со настапи во Серија А и во Премиерлигата и денеска ќе биде вистински предизвик за нашите дефанзивци, пред се за Езаџан Алиоски да го сопре брзото крило на Исланд.

Адути на домаќините се и двајцата офанзивци со исто презиме, Гудмундсон, Алберт кој игра за АЗ Алкмар и Јохан кој е фудбалер на Барнли во Премиерлигата.

Мечот ќе се игра од 18 часот во Рејкајвик на „Лаугардалсволур“ арена.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести