Ќе го издрибламе ли Исланд? Милевски покажа како, Барди и Алиоски утре ќе треба да презентираат на терен (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација го одржа единствениот тренинг во Исланд, пред утрешнито квалификациски меч во Рејкјавик, во обид да се победи домаќинот и да се остане во трката за настап на Мундијалот во Катар.

Интересно е што токму против Исланд, но во дуел со младата репрезентација на оваа земја пред пет години Милевски и неговите избраници ја почнаа историската авантура што ги доведе до настап на ЕП во Полска за играчи до 21 година.

Само тој пораз од 3:0 во Исланд ни беше неуспех во фантастичниот квалификациски циклус што го завршивме на првото место пред моќната Франција и игравме на првото големо натпреварување во историјата на македонскиoт фудбал.

Сега Милевски има нова задача и искушение, да се обиде како селектор на А репрезентацијата да ја одведе Македонија на ново големо натпреварување, а прва цел е Мундијалот во Катар, идната година.

Со Игор Ангеловски како селектор, Македонија забележа голем успех и играше на сениорското Европско првенство оваа година, а дел од играчите што сега играат за А селекцијата играа и во Полска и во Букурешт и Амстердам.

Сега целта е да се приреди подвиг и да се игра на Светско првенство, во Катар идната година.

Против Исланд ова ни е трето гостување, а имаме едно реми, 1:1 и пораз од 0:1.

Македонија по четири кола е на третото место со 7 бода, зад Ерменија со 10 и Германија со 9, а пред Романија, која има шест бода, Исланд со 3 и Лихтенптајн без бодови.

Само победникот во Ј групата сигурно ќе игра во Катар, а шанса низ бараж има и второпласираната репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести