Ќе игра ли Куртоа на ЕП или не: Шпанците велат едно, а Белгијците друго

Голманот на Реал Мадрид и на белгиската репрезентација, Тибо Куртоа, ги известил челниците на Кралскиот клуб дека нема да настапи на Европското првенство, кое ќе се игра следната година, објави Радио Марка, но неколку часа подоцна се појави поинаква информација.

Радио Монте Карло од блиски луѓе до голманот ја демантира веста на Радио Марка и порача дека одлуката дали Куртоа ќе игра на ЕП во Германија ќе зависи од неговата здравствена состојба.

https://twitter.com/GALACTICOSWHITE/status/1732426049156476952?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1732426049156476952%7Ctwgr%5Ee4f4d0fec4d4a91377f9e20d362b08b38f0a3ec0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F24sedam.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F264273%2Ftibo-kurtoa-belgija-povreda%2Fvest

Куртоа моментно закрепнува од операцијата на коленото и меѓу стативите би требало да се врати во мај идната година, само еден месец пред почетокот на Европското првенство.

Селекцијата на Белгија е дел од групата Е заедно со Романија, Словачка и уште една селекција која ќе избори пласман на ЕП преку баражите.

 

- Оглас -

Најнови вести