Ќе има договор: Ракитиќ за 40 милиони евра од Барса се сели во Интер

Иван Ракитиќ е сè поблиску до доаѓање во Интер за следната сезона. Престижниот весник „Газета дело спорт“ на својата насловна страница го најавува овој трансфер како речиси завршена работа. Директорите на Интер, Марота и Аусилио веќе биле во Барселона и успешно ја завршиле првата рунда на преговори.

Челниците на Интер понудиле 35 милиони евра за трансфер на хрватскиот репрезентативец, а Барселона побарала 45 милиони евра. Во такви ситуации се работи за „ценкање“, односно најчесто договорот е на половина од понудените суми, што значи дека Ракитиќ за 40 милиони евра би заминал од „Камп ноу“ за да го облече дресот на Интер.

Насловот во италијанскиот медиум е повеќе од јасен што сака да најави: Интер-Ракитиќ…. Мириса на договор. За реализација или не на овој трансфер ќе почекаме да видиме до летниот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести