Ќе има голеада на „Сан Паоло“, Интер без проблем ќе ја надигра Славија

Наполи – Ливерпул (21ч – Лига на шампиони, прво коло, група Е)

Занемарете ги минатосезонските резултати од двомечот меѓу Наполи и Ливерпул во групната фаза. Двете екипи лани запишаа минимални победи на домашните терени, но сега се очекува повозбудлив дуел на „Сан Паоло“ во кој многу веројатно и лесно може да се случи голеада.

Избраниците на Карло Анчелоти се доста разиграни на стартот од сезоната во Серија А, веќе постигнаа девет гола на три меча, во кои два од нив завршија со 7+. Пресметката против Ливерпул ќе биде посебна за нас, за Наполитанците во ЛШ ќе дебитира македонскиот бисер Елиф Елмас, а знаејќи ги неговите квалитети, може да биде тајното оружје на италијанскиот вицепрвак.

Ливерпул оваа сезона продолжи онаму каде што застана во јуни. Црвените редат победи и се чини дека немаат намера да застанат тука, ниту, пак, се нашла екипа која ќе им застане на патот на разиграните Мане, Салах и Фирмино.

Предлог тип: ГГ4+ (3.05)

 

Борусија Дортмунд – Барселона (21ч – Лига на шампиони, прво коло, група Ф)

Првиот ден од новата сезона во ЛШ носи уште едно дерби, кое ќе се игра на прекрасниот „Сигнал Идуна парк“. Пред „жолтиот ѕид“ на Дортмунд, ќе се растрча големата Барселона, која ќе биде значително засилена со враќањето на Лео Меси. Аргентинецот можеби нема да игра од првата минута, но фактот што Валверде ќе може да смета на него доколку е потребно, само по себе е грижа за Милионерите.

Формата на Дортмунд за нијанса е подобра од онаа на Каталонците. По четири кола во Бундеслигата, избраниците на Луцијан Фавр имаат девет бода, значи претрпеа еден пораз. Шпанскиот првак запиша две убедливи победи од 5-2, а поразот од Билбао и ремито со Осасуна се доказ дека се ранливи.

Единствените пресметки на Дортмунд и Барса на меѓународната сцена се одиграа во рамките од Суперкупот во 1998 година. Каталонците во двомечот славеа со вкупен резултат од 3-1 (1-1, 2-0), меѓутоа овие резултати не треба да влијаат врз одлуката како да се типува овој меч.

Предлог тип: Т22+ & ГГ (2.35)

 

Интер – Славија Прага (18:55ч – Лига на шампиони, прво коло, група Ф)

Интер ќе сака и оваа сезона да стартува со триумф во групите, исто како што го стори тоа лани против Тотенхем. Засега фудбалерите на Антонио Конте не знаат за пораз или пак реми кога станува збор за италијанскиот шампионат. Таму имаат максимални девет бода по три кола, па таа форма сега ќе треба да се пренесе и во меѓународното натпреварување.

Чешкиот првак има амбиции во добро светло да се покаже во Лигата на шампионите, откако минатата сезона стигна до четврт-финалето на ЛЕ, каде што претрпе елиминација од Челзи. Досега немале прилика да се соочат со Нераѕурите, а нивната прва посета на „Џузепе Меаца“ нема да ја паметат по добро.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.55)

 

Челзи – Валенсија (21ч – Лига на шампиони, прво коло, група Х)

Френк Лампард во пресрет на дуелот против Лилјаците се соочува со неколку здравствени проблеми во својот состав. Рудигер викендов првпат заигра сезонава, но ја обнови повредата, додека Канте и Емерсон се вратија повредени од репрезентативните обврски. Сепак, убедливите 5-2 од гостувањето кај Вулверхемптон се доволно голема мотивација со успех да ја отворат кампањата во европската елита.

Сосема различна е ситуацијата во редовите на Валенсија. На два дена пред дербито со Барселона, челниците на клубот му врачија отказ на тренерот Марселино, па дебаклот од 5-2 на „Камп ноу“ беше неизбежен. Она што треба уште повеќе да ги загрижи гостите од Шпанија е нивниот лош учинок против Челзи.

Во шест меѓусебни пресметки, Лилјаците не се радувале ниту еднаш, а трипати се спасиле од пораз. Резултатот од последниот дуел на Челзи и Валенсија на „Стемфорд бриџ“ гласи 3-0, но знаејќи дека Сините сезонава уште не одиграле меч без примен погодок, се очекува возбудувања и закани на двете страни.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.70)

 

Ајакс – Лил (21ч – Лига на шампиони, прво коло, група Х)

Групата Х се очекува да биде меѓу понеизвесните во кои патниците во нокаут-фазата ќе се одредуваат дури во последното коло. Како и Челзи, така и Ајакс има предност со триумф на домашен терен да тргне во нова авантура, иако од оној лански сензационален поход до полуфиналето останаа без неколку клучни играчи.  Ова ќе биде дуел на две екипи кои играат отворен и офанзивен фудбал, па веруваме дека нема да разочараат во исчекувањето на повеќе голови.

Но, избраниците на Ерик тен Хаг продолжија да газат сè пред себе и во новата сезона, а нема да биде изненадување ако на „Јохан Кројф арената“ вечерва настрада и францускиот вицепрвак. Лил веќе претрпе два порази досега, но пред премиерното коло во ЛШ се во добро расположение по победата на Анже во Лига 1, а сега младиот и талентиран состав на Данските доги ќе треба да го положи испитот на европската сцена.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.22)

- Оглас -

Најнови вести