Ќе има голема битка во Формула 1 и во 2022, Мерцедес го потврди Луис Хамилтон!

И 16-та година по ред, Луис Хамилтон ќе се трка во шампионатот во Формула 1. Ова беше познато уште од неодамна, кога самиот Британец најави дека „се враќа“, а попладнево Мерцедес на социјалните мрежи објави фотографија на Хамилтон и бројот 16, што ја симболизира 16-тата сезона на седумкратниот првак.

Откако во 2021 на драматичен и контроверзен начин остана без осмата титула која ја имаше во рака, Хамилтон размислуваше за повлекување, иако има договор со Мерцедес. Сепак, Луис повторно ќе седне во болидот на Мерцедес и ќе направи нов обид да стане рекордер во историјата на Ф1.

- Оглас -

Најнови вести