Ќе има голови на „полните трибини“ во Менхенгладбах, Баерн ќе сака реванш против тимот од кој прими пет гола

Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен (15:30 ч.)

Дербито на денот е во Мехненгладбах и тоа меѓу две екипи кои реално уште имаат шанси да се борат дури и за титулата во Германија. Борусија на свој терен сезонава победи на девет од 13 меча, а даде дури 30 голови што е само потврда за офанзивната орјентација на екипата.

Баер Леверкузен е еден од најопасните тимови на гостински терен и сигурно нема превреме да се предаде. За отворената фајтерска игра доказ е и тоа што на последните 12 меѓусебни меча секогаш имало победник. Борусија се радувала седум пати, а Баер славел во пет меча.

Овој дуел ќе биде и посебен затоа што трибините НЕМА да бидат празни. Борусија направи акција која фановите ја прифатија и на трибините ќе има повеќе од 20.000 картонски силуети на навивачи, па ќе изгледа како да има и гледачи.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.66)

 

Фрајбург – Вердер Бремен (15:30 ч.)

Фрајбург е тимот кој го направи можеби најголемото изненадување во минатото коло откако одигра 1:1 на гости кај Лајпциг, со што покажа дека е подготвен да се бори за место кое води излез во Европа. Вердер делува како веќе да се има предадено во битката за опстанок, па реално тешко дека може да ги достигне деветте бода заостанување во однос на Мајнц кој е на последната позиција за спас.

Во дуелите на овие екипи традиционално има погодоци, но сега е најпримамливо да се одигра на победа на домаќините, иако во минатото коло во Бундеслигата се потврди дека без присуство на публика, предноста на домашен терен речиси и да не постои, па во девет средби имаше само еден „кец“.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт (18:30 ч.)

Без разлика кој е противник, кога Баерн игра на својата „Алијанц Арена“ сите очекуваат победа на домаќините. Посебно кога на гости доаѓа тимот кој е со најслаб биланс на туѓ терен сезонава, тогаш речиси и да нема дилема дека баварскиот гигант ќе заработи нови три бода.

Ајнтрајт сезонава е очаен на гости и во 12 гостувања освои само седум бода, но факт е дека во есенскиот дел од сезоната Баерн токму во Франкфурт го доживеа еден од најголемите порази во историјата. Ајнтрахт славеше со убедливи 5:1, што секако ќе биде мотив повеќе домаќините да се реваншираат со иста мерка.

Предлог тип: 1-1 4+ (2.22)

 

Падерборн – Хофенхајм (15:30 ч.)

Домаќините се речиси прежалени за во втората лига, но пред минатата недела покажаа дека уште се борат и одиграа без голови против Фортуна. Хофенхајм дефинитивно е во криза која трае од пред два месеци, па беа декласирани на свој терен од Херта со 3:0, но сепак уште се во „мирните води“.

Фактот дека Хофенхајм игра подобро на гости сезонава треба да им даде мотив да не загубат кај „фенерџијата“.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.08)

 

Ференцварош – Дебрецен (15:55 ч.)

Лидерот на табелата Ференцварош не смее да дозволи никаков кикс против екипа која реално е за една класа послаба и затоа заостанува 23 бода. Ференцварош е еден од оние тимови кои сезонава нема пораз на свој терен (9 победи и три нерешени) со само пет примени гола во 12 средби.

Дебрецен е слаб на гости, а и последните три меѓусебни средби завршија со триумф на многу попознатиот тим.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

- Оглас -

Најнови вести