Ќе има и трет чин – Сега ќе се боксуваат дедо Холифилд и дедо Тајсон (Видео)

Информациите се уште не се официјално потврдени, но преговорите да има нов трет бокс меч меѓу Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон се во тек, а дури се тврди дека се е веќе договорено, да има битка на 11. јуни во Саудиска Арабија.

Местото на одржување на дуелот е Ад Диријах и тој ќе има карактер на хуманитарен, односно средствата ќе бидат наменети за категоријата на социјално загрозени луѓе.

„Тоа е одлична вест, сакам да боксувам повторно против Мајк“, изјави Холофилд. Поранешниот светски првак има 57 години и е четири лета повозрасен од Железниот Мајк.

На шега на социјалните мрежи има коментари дека ова би било една поинаква битка на дедо Холифилд, против дедо Тајсон, а претходните два дуели беа исклучително возбудливи.

Холифилд двапати победуваше, а Тајсон во немоќ двапати му го гризна, па на вториот меч беше дисквалификуван. Тој спектакл што се памети долго беше одржан во 1997 година.

Последниот меч во рингот Железниот Мајк го имаше во 2005 година, а моментно има 53 години. Холифилд е четири лета повозрасен и се прости од боксот во 2011 година.

 

- Оглас -

Најнови вести