Ќе има ли и трето чудо за Беласица?

Беласица приреди две чуда со победи против Академија Пандев и со лидерот и актуелен првак Шкендија, натпревари кои повлекоа лавина од коментари за чудните исходи, а денеска во Скопје ќе му гостува на најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Нова победа, трета по ред против најдобрите три екипи во првенството би била рамна на првокласна сензација.

Вардар нема пораз на 10 меча по ред, „црвено-црните“ играат без калкулации и чесно и најавуваат дека таков ќе им биде пристапот до крајот на шампионатот. Фаворити се против струмичани и немаат пораз од Беласица од 2005 година, односно на последните шест меѓусебни пресметки.

Празничното 31. коло што се игра денеска од 16 часот ќе донесе уште три дерби мечеви. Фокусот е во Тетово каде ќе играат Шкендија и Шкупи, интересно ќе биде и на дуелот меѓу кандидатите за испаѓање Победа и Силекс и на пресметката меѓу Академија Пандев и Работнички.

Колото го комплетира и дуелот во Ѓорче Петров каде Македонија ќе игра на победа за опстанок против Ренова.

Двојки, 31. Коло, 16. часот: Вардар – Беласица, Шкендија – Шкупи, Победа – Силекс, Академија Пандев – Работнички, Македонија Ѓ.П. – Ренова.

Табела: Шкендија 66, Вардар 57, Академија Пандев 47 (еден натпревар помалку), Шкупи 42, Работнички и Ренова по 39, Македонија Ѓ.П. 35, Силекс 31, Беласица 30, Победа 23 (еден меч помалку).

- Оглас -

Најнови вести