Ќе има ли јунаци да ја израдуваат Македонија: Три младински селекции играат за поправање на впечатокот (Фото)

Освен сениорската, денес натпревари ќе одиграат и селекциите за фудбалери до 17, 19 и до 21 година и сите ќе бидат од квалификациски карактер.

Највозрасните, оние до 21 година, гостуваат кај Ерменија, во обид да го поправат впечатокот од убедливиот пораз со 4-0 од Италија. Квотите во Sport Life ѝ даваат мала предност на Македонија, па квотата за наша победа е 2.45, додека за триумф на Ерменците има квота од 2.70.

Токму Ерменија е единствената селекција која е зад нас на табелата. Македонија има три бода на петтата позиција, додека Ерменците сè уште немаат освоено ни бод.

Квалификациски меч игра и репрезентацијата за фудбалери до 19 години. На турнирот во Холандија веќе одигравме реми против Фарските Острови (0-0), а со 4-0 бевме поразени од домаќинот. Дуелот против Молдавија ќе биде само за престиж бидејќи јасно е дека со еден бод од два меча немаме ни теоретски шанси да ја минеме групата.

Младинците до 17 години на квалификацискиот турнир во Словенија загубија со по 2-1 од Франција и Германија, па дуелот против домаќинот ќе биде само за престиж, но и да се избегне „фенерот“.

15:00 Ерменија – Македонија (до 21 година)
16:30 Словенија – Македонија (до 17 години)
18:00 Молдавија – Македонија (до 19 години)

- Оглас -

Најнови вести