Бомба на Барса, за 70 милиони евра го продава големиот талент што има клаузула од милијарда евра

Барселона е решена да го продададе Ансу Фати и според дел од шпанските медиуми, би се откажала од големиот талент веќе во овој преоден рок ако се најде клуб што ќе плати 70 милиони евра.

Ова звучи сензационално ако се знае дека Фати требаше да биде еден од столбовите во изградбата на новата Барселона во пост-Меси ерата.

Проблем за Ансу, кој има 19 години, а дебитира за клубот како 16-годишник, е што често се повредува и веќе го губи сјајот на голема фудбалска надеж.

Интересно е што има актуелен договор со Барселона до 2027 година и отштетна клаузула од една милијарди евра, но би бил продаден сигурно за 70 милиони евра.

Сезонава Фати играше на 15 натпревари за Барса, има минато малку повеќе од 500 минути на терен, а ефектот му се 3 гола и 3 асистенции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести