Ќе има македонска инвазија на Букурешт и Амстердам – Конечна одлука на УЕФА, ЕП ќе се игра во 12 држави

УЕФА донесе храбра одлука, која е најавена како конечна и Европското првенство идната година ќе се игра како што е планирано во 12 држави.

Тоа е одлична вест и за Македонија и за сите симпатизери на фудбалот во нашата земја, бидејќи останува утврдениот распоред да одиграме два меча во Букурешт и еден во Амстердам.

Првенството ќе се игра од 11. јуни до 11. јули идната година, а Македонија ќе дебитира, откако преку Лигата на Нации избори историски настап на ЕП.

Првиот меч ќе го играме во Букурешт против Австрија на 13. јуни, а четири дена подоцна на истото место ќе играме против Украина.

Потоа следи преселба во Амстердам и последен меч во фазата по групи против еден од домаќините на ЕП, репрезентацијата на Холандија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести