Ќе има многу голови на меч во втората холандска лига

3191 Зрињски – Сараево (18.00 часот)

Гостите на ова дерби ќе настапат без капитенот Крсте Велкоски, кој дојде во Скопје поради репрезентативни обврски. Тимот од Мостар има серија од три победи по ред и тие се тим кој на седум меча сезонава прими само три гола. Но, фаворит на оваа средба е Сараево. Во осум кола, „бордо тимот“ има шест победи и две нерешени. Сараево има четири победи по ред и иако ова е непријатно гостување, не би требало да загубат.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.75)

 

1981 Ламија – Волос (18.30 часот)

Ламија е последна на табелата, лошо ја почна сезоната, со три порази во три кола. На Ламија трите меча ѝ беа со три или повеќе голови, а на Волос сите три меча му беа со 0-2 гола. Волос е интересен тим со шпански тренер и дури шест аргентински играчи. Тие засега имаат по една победа, пораз и реми. Пред еден и пол месец, овие екипи одиграа пријателски меч, во кој Ламија славеше со 2-0. Волос никогаш не победил во Ламија.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

 

1646 Екселсиор – Графшап (18.45 часот)

Ова е дуел од втората холандска лига во кој би требало да паднат многу голови. Екселсиор има пет меча сезонава и на сите паднаа барем три гола, па затоа имаат гол-разлика 14-13. Овој тим нема ниту еден нерешен резултат сезонава, трипати губеше, двапати победи, а и кога победуваше, примаше гол. Графшап од четири меча има три победи, сите три победи беа со барем два гола разлика, а поразот им беше со 3-7.

Предлог тип: ГГ & 4+ (1.87)

 

1819 Нирнберг – Дармштад (20.30 часот)

Домашните се фаворити во овој меч од третото коло во германската втора лига. Некогашниот стабилен прволигаш Нирнберг собра четири бода во првите три кола и ова му е прилика да освои уште три бода. Но, традицијата е на страната на гостите. Дармштад трипати гостувал кај Нирнберг и никогаш не бил поразен. Во февруари годинава, Дармштад победи во Нирнберг со 2-1, па можеби е време за реванш.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

8525 Цибона – Црвена ѕвезда (18.00 часот)

Белграѓани победија на последните осум гостувања во Загреб, а и сега евролигашот не би требало да има големи проблеми да триумфира. По поразот од Фенербахче, Ѕвезда сега има многу полесен противник. Цибона нема што да загуби, ќе игра без притисок и ќе проба да го изненади фаворитот, но освен борба, тешко дека може да понуди радост за навивачите. Партизан беше изненаден викендов во АБА-лигата, затоа и во Ѕвезда најавуваат дека се претпазливи.

Предлог тип: <155.50 (1.87)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Дегерфорс – Вастерас 1+I & 2+ II (2.40)

Нирнберг – Дармштад 1Х & 3+ (2.65)

Орлеан – Анеси 1 & Т1 2+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести