Ќе има НБА ол-стар меч, договорен е градот домаќин

Пандемијата нема да спречи одржување на Ол-стар натпревар во НБА лигата во оваа 2021 година. Челниците на лигата постигнале договор со Унијата на кошаркари, Ол-стар мечот да се игра на 7 март во Атланта.

Информацијата уште е неофицијална, не се познати сите детали, а се преговарало и да има натпревари и во шутирање тројки и забивање, кои би се одржале на 6 март, па собирот на ѕвездите би бил Ол-стар викенд.

Во минатото, задолжително беше присуството за играчите кои ќе бидат избрани или поканети, но лигата годинава веројатно ќе вметне клаузула настапот да биде по избор, и нема да има казна ако некој одбие да се појави. За некои играчи не е проблем да се патува во Атланта во март, дури мислат дека нема поента да се одржи ол-стар за време на пандемија и во празна сала.

Лани Ол-старот беше на 16-ти февруари во Чикаго, а неполн месец подоцна сезоната беше прекината, па продолжи во јули во „балонот“ во Орландо. Според првобитниот план, Ол-старот 2021 требаше да се одржи во Индијанаполис, но подоцна организацијата на Индијанаполис му беше одложена за 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести