Ќе има нов спектакл: Мајк Тајсон загуби од Џејк Пол, но ќе му се „одмазди“ со борба против неговиот брат

Џејк Пол утрово ја оствари најголемата победа во својата боксерска кариера, откако во Тексас со едногласна одлука на судиите го победи легендарниот Мајк Тајсон. Пол, кој веќе седум години активно се занимава со бокс на професионално ниво, ја искористи својата предност во годините, бидејќи е 31 година помлад од „Челичниот Мајк“.

Во последните секунди од мечот, Пол ги воодушеви своите фанови со гест на почит кон Тајсон, наклонувајќи му се на средината на рингот. По мечот, тој ја истакна својата почит кон легендата, велејќи:


„Мајк Тајсон… ова е огромна чест. Тој е најголемиот што некогаш го практикувал овој спорт. Се огледувам на него, ме инспирира, и не би бил овде денес без него. Овој човек е икона и борбата со него е привилегија. Очекував дека ќе биде тешко, и така беше.“

Тајсон, исто така, не штедеше зборови за Џејк Пол, нарекувајќи го „сериозен и добар боксер“. Меѓутоа, тој веднаш го насочи вниманието кон можниот следен противник – братот на Џејк, Логан Пол.

„Можеби неговиот брат“, рече Тајсон со насмевка, покажувајќи кон Логан, кој беше во аголот на Џејк за време на мечот.

Логан, кој исто така има значителна популарност на социјалните мрежи, реагираше на предизвикот на Тајсон со дрзок коментар:


„Ќе те победам, Мајк.“


Тајсон, со својот препознатлив стил, одговори: „Тогаш имаме борба.“

Логан Пол досега има три борби зад себе, пораз од Олајиде Олатунџи, нерешен резултат против Флојд Мејведер и победа над Дилон Данис.


Ако оваа борба се реализира, би претставувала уште еден голем спектакл во светот на боксот.

- Оглас -

Најнови вести