>

Ќе има шампионско славење – Динамо за рекордно време ги продаде влезниците против Хајдук (ФОТО)

Динамо Загреб во последното 36-то коло ќе го игра големото дерби против Хајдук, кое нема да има резултатско значење за нив.

„Модрите“ со Аријан Адеми и Стефан Ристовски се старо-нови шампиони на Хрватска, а на „Максимир“ ќе ја слават титулата, и тоа против најголемиот ривал.

Загрепчани открија дека картите за мечот се распродадени само за еден час, односно за рекордно брзо време. Средбата е закажана за во сабота, од 20 часот, а разликата меѓу двата најдобри тима од Хрватска е четири бода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

- Оглас -

Најнови вести