Ќе има шоу во НБА – 10 меча „зачинети“ со 44 кошаркари за плус-минус поени

Дури 10 натпревари се ноќеска на програмата во НБА лигата, што е најава за многу возбудувања. На шест меча домаќините се фаворити и реално тука не треба да има изненадувања. Мемфис кој има низа од четири победи е домаќин на Детроит кој е втор најслаб тим во лигата со само седум победи во 27 средби.

Бруклин на свој терен е фаворит против Атланта, во дуел на две екипи кои најчесто играле атрактивно во меѓусебните средби и имало многу поени.

Кливленд е најдобрата екипа кога се гледаат резултатите одиграни само во својата сала. Кавалирс имаат 11 победи и само еден пораз пред својата публика, па затоа и сега се фаворити против Сакраменто.

Домашниот терен треба да го искористат Јута против Минесота и Филаделфија против Лејкерс. На четири од последните пет меча меѓу Јута и Минесота имало 240+ поени на крајот, па затоа иако границата е на 235,5 поени, тука може да се оечкува да биде „плус поени“.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 44 играчи кои ноќеска треба да се појават на паркетот, се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести