Ќе има шпалир за Кралевите на „Бернабеу“

Обврските за Реал Мадрид во шпанското првенство продолжуваат во сабота, а Кралевите на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ја пречекаат Севилја во дербито од 20-тото коло. Од таборот на андалузискиот клуб потврдија дека ќе направат шпалир за играчите на Реал да го отпоздрават нивниот успех во шпанскиот Суперкуп.

Составот на Зинедин Зидан минатиот викенд jа освои 11-тата титула во ова натпреварување, со триумфот по пенали над градскиот ривал Атлетико Мадрид.

По 19 натпревари во Ла Лига, Реал и Барселона водат „мртва“ трка за шампионската титула бидејќи се изедначени на врвот на табелата со по 40 бода, додека Севилја е на четвртото место со ист број на бодови (35) колку и третопласираниот Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести