Ќе има спектакл во ЛШ: Реал М. – Манчестер сити, Јувентус имаше најмногу среќа

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид ќе игра против првиот фаворит за титулата во овогодишното натпреварување во Лигата на шампионите, одлучи ждрепката за осминафиналните дуели. Реал во клупската историја има 13 титули во елитната европска лига, а Сити никогаш не играл ниту во финале.

Во осминафиналето ќе играат:

Борусија Дортмунд – ПСЖ

Реал Мадрид – Манчестер сити

Аталанта – Валенсија

Атлетико Мадрид – Ливерпул

Челзи – Баерн Минхен

Олимпик Лион – Јувентус

Тотенхем – Лајпциг

Наполи – Барселона

Во групната фаза беа одиграни вкупно 96 мечеви во кои беа постигнати 308 погодоци, што е во просек по 3,21 гол на меч.

Возбудувањата во осминафиналните дуели ќе започнат во февруари 2020 година, а патниците во четврт-финалето е бидат познати по реванш-мечевите кои се играат во март. Финалето ќе се игра во Истанбул, на „Олимпискиот стадион Ататурк“.

- Оглас -

Најнови вести