Ќе нема попуст ни за Меси – Маѓепсникот направи глупост, казната ќе биде од 4 до 12 натпревари пауза

Лионел Меси го доби првиот црвен картон во кариерата како играч на Барселона, а намерниот удар со рака во лицето на Вилјалибре може скапо да ја чини првата ѕвезда на Каталонците.

Според правилникот на шпанската фудбалска федерација, под чија надлежност се натпреварите од Суперкупот на Шпанија, Меси може да добие супсензија од 4 до 12 натпревари.

Олеснителна околност за големиот фудбалски ас ќе биде тоа што за првпат е исклучен како играч во Шпанија и во дресот на Барселона, по неверијатни 743 одиграни натпревари.

Но, има и правила кои се против Меси, па може и да добие максимална казна од 12 меча пауза, ако се утврди дека е виновен за физички напад на противнички играч.

Меси го удри Вилјалибре кога играчот на Атлетик Билбао ја немаше топката во посед, што е отежнувачка околност за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Интересно е што Меси беше исклучен пред 15 години, но тогаш како играч на Барселона Б, а ова му беше прв црвен картон, откако настапува за сениорскиот тим на Барса.

Двапати беше исклучуван како репрезентативец на Аргентина, а важи за еден од најмирните играчи на планетата.

 

- Оглас -

Најнови вести