Ќе одиме во Рим да и ја расипеме 60-та на Италија, Манчини вели: Македонија е незгоден ривал

Македонија имаше исклучително тешка ждрепка во Цирих за полуфиналето и евентуалното финале во баражите за настап на Мундијалот во Катар и ќе мора веројатно да игра против двата последни европски прваци, Италија, па Португалија и тоа на гости на 24. и на 29. март за да се пласира на првото Светско првенство.

Во нашата Ц група е и Турција, селекција која ќе и гостува на Португалија во полуфиналето, па и тие се можни ривали во последниот нокаут меч, ако Македонија ја мине Италија.

И двата меч би ги играле на гостински терен, прво во Италија, а потоа во Португалија, или Турција.

„Македонија е незгоден ривал, иако на хартија се аутсајдери. Фудбалот во последно време им напредува со крупни чекори, а да не заборавиме дека не ги победивме во Торино пред 4 години. Очекувам тежок меч, во тешка група за пат на Мундијалот“, изјави Роберто Манчини, селекторот на Италија.

Италија е во серија од 59 меча без пораз во квалификациски дуели за Светско првенство со 48 победи и 11 нерешени дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести