Ќе „паѓаат“ голови во последните два меча од групата А

6800 Италија – Велс (18ч)

Битката за првото место во групата А ќе се одвива на „Олимпико“, во која и без победник може да се одлучи лидерот. Селекторот Манчини најави дека ќе одмора неколку главни играчи откако запиша две убедливи победи, што е шанса за Велшаните да изненадат.

Италија е во неверојатна серија од 29 меча без пораз, односно 10 последователни победи во кои нема примено гол, но одбраната попладнево ќе биде десеткувана без капитенот Кјелини, а и Флоренци е отсутен како прв десен бек.

Редовно се издвојувал победник во вкупно шест меѓусебни дуели на овие две селекции, Аѕурите трипати во четири триумфи постигнаа четири гола. Големи се шансите да се покаже напаѓачкиот квалитет во Рим, наместо да се тактизира, а тоа е најава дека ќе се гледа возбудлив дуел.

Предлог тип: 1X & 3+ (2.50)

 

6801 Швајцарија – Турција (18ч)

Хендикеп за Швајцарците е неиграњето на голманот Јан Сомер, кој доби дозвола да го напушти балонот на репрезентацијата и да присуствува на раѓањето на своето дете. Тука Турците ја гледаат шансата да дојдат до првите бодови на ова ЕП и воопшто прв гол на турнирот.

Поразите од Италија и Велс во претходните кола ја отпишаа Турција, но Швајцарија и натаму има свои преметки околу пласманот од најдобрите третопласирани екипи, па сигурно ќе оди да ги освои сите три бода.

Само еднаш се случило да нема победник во вкупно девет меѓусебни дуели, а Швајцарија и Турција за првпат по 13 години ќе ги одмерат силите, откако Турците славеа со 2-1 во групната фаза на ЕП 2008 година.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.90)

 

5102 Венецуела – Еквадор (23ч)

Еквадор треба да стави крај на мини-серијата од три порази, претрпени во мундоквалификациите и на стартот од Копа Америка. Во последните шест дуели против Венецуела, Еквадорците не знаат за пораз, а триумфираа во половина од нив.

Сепак, треба да се знае дека Венецуела беше подобра со 1-0 кога последен пат се сретнаа овие две селекции на Копа Америка.

Двете екипи трагаат по првата победа на шампионатот, а големи се шансите и да ремизирааа како што го сторија тоа во двата последни контролни натпревари меѓу себе.

Предлог тип: X2 & 0-2 (1.91)

 

1311 Жирона – Рајо Валјекано (21ч)

Жирона заврши голема работа со триумфот од 2-1 на гости кај Рајо во првиот меч од финалето во разигрувањата. Сега на домашен терен ќе се осигурува враќањето во Ла Лига, кое еднакво многу го посакува и тимот на Столе Димитриевски.

Нашиот голман е со Македонија на ЕП, нема да му да помогне на својот тим, но се надева дека и без него соиграчите ќе ја надополнат негативата од првата средба.

Рајо како гостин кај Жирона памети само две победи со идентични 3-1 во 2017 и 2011 година. Едно е сигурно, нема да недостасуваат голови бидејќи ГГ3+ е типот кој се погоди во три од последните пет меѓусебни меча.

Предлог тип: ГГ (2.03)

 

4805 Сантош – Сао Пауло (23:15ч)

И двете екипи не може да се пофалат со добар старт на сезоната во бразилската Серија А бидејќи се наоѓаат во долниот дел од табелата. Сантош има само четири бода од максимални 12 по четири кола, додека Сао Пауло е полош и уште нема остварено победа.

Сепак тоа не треба да значи дека вечерва дербито нема да ги оправда очекувањата, бидејќи Сантош и Сао Пауло редовно приредуваат ефикасни дуели полни со драма.

Предлог тип: X (2.95)

- Оглас -

Најнови вести